Чибишев смета дека случајот Онкологија е смртоносен удар на здравствениот систем на Македонија

Најгрозоморната, најтраорната афера која се случила во здравството во понова историја, вака доктор Андон Чибишев член на Комсијата за здрасвтво на ВМРО-ДПМНЕ го коментира скандалот Онколигија во гостување на емисијата За или против на телевизија Алфа.

„Во мојата долгогодишна кариера немам доживеано вакво нешто. Поминаа десет дена и откако од МВР влегоа на Онкологија ги повикав сите да не брзаме со етикетирања, пресуди, туку државните органи да ја завршат истрагата за да добиеме слика што се случувало на Онколигија. Но, времето покажува дека нема ништо“, рече Чибишев.

Според него ова е смртомносен удар на здравствениот систем на Македонија и ќе треба долго време за да се продолжи со работа како што треба.

„Ова е страшна ситуцаија која секој нормален многу го има вознемирено. Во наредниот што пократок период мора да се излезе со сознанија, а не сум видел ниту официјално лице, ниту официјален орган и да каже до таму сме, продолжуваме“, рече Чибишев.

Докторот укажа дека треба тим од обвинители кои 24 часа ќе ја прегледуваат документацијата и тоа што побрзо да го споделат со јавноста зошто јавноста е крајно вознемирена.

„Луѓето во нас гледаат спас и ако ние не им помогнеме тие одма помислуваат на заткулисна работа. Добивам впечаток дека тоа малку се одолговлекува и се дава веме да се прикријат документи, да се заштитат. Се изненадив што обвинителствто дозволило да учествуваат пациенти. Во официјална истрага може да учествуваат само официјални лица како ќе се договориме кои ќе бидат дел од истрагата, а со тоа ќе се одолговлекува“, кажа Чибишев.