![Andon Cepisev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/Andon-Cepisev.jpg?resize=696%2C433&ssl=1)
Ова што сега сеслучим за жал, со еден изгубен живот е врв на ледениот брег од она што се случуваше во минатото, изјави во неделата во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија Д-р. Андон Чибишев.
„Морам да нагласам дека едно современо земјоделие неможе да се замисли без употреба на пестициди, меѓутоа во позитивните законски прописи кои што се донесени во Република Македонија многу строго се дефинирани, како се произведува, како се дистребуира и како се употребуваат одредени хемикалии кои што се користат во земјоделието. Истото е регулирано во законот за пробет на отрови“, истакна Чибишев.
„Ова што сега сеслучи, за жал, со еден изгубен живот е врв на ледениот брег од она што се случуваше во минатото. Јас неколку пати имам давано изјави во врска со тоа бесчовечно и безмилосно труење на кучињата скитници кои како што опишуваа граѓаните умираа во една страшна агонија и околу нив се собираат љубопитни деца тоа го гледаат, практички невозможно е во таков случај да се случи труење, но теоретски е можно, некои од децата да го допира и да дојде во контакт“, рече Чибишев.