Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски пет дена по обелоденувањето на скандалот со бонусите на членовите се извини за нетранспарантноста на институицијата.
Во интервју за интернет порталот Нова, Чичаковски вели дека згрешиле што одлуките за бонусите не ги објавиле навреме. За барањата од јавноста сите членови на ДИК да си поднесат оставка, Чичаковски вели дополнително ќе одлучува.
Од друга страна дел од членовите на ДИК, како Атанас Урумов, појаснуваат дека трошоците што се прават во институцијата, дополнително се и поради тоа што иако побарале да им се одобрат станови во Скопје, за да не прават дополнителни трошоци за пат, досега никој не им одговорил на таквото барање.