Чичко и внук меѓу загинатите во пожарот во Богданци

Златко Д.(59), Васко Д.(42) и Благој Д.(40), сите од селото Ѓавато, вчера ги изгубија животите во пожарот во фабриката за пински боци во Богданци, „Балкан гасови“.

Во 8.50 часот од експлозија на гас избувнал пожар во објектот, при што животот го загубија тројца вработени а со изгореници од прв, втор и трет степен по целото тело се здобил В.М.(40) од Богданци, кој е пренесен во Медицински центар Гевгелија, од каде поради карактерот на повредите е препратен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, велат од полицијата.

Починатите Златко и Васко биле во роднинска врска, односно биле чичко и внук.

Од МВР информираат дека во содејство со јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот.

 

ФОТО:Курир