Душко Чифлиганец, во голема интернационална конкуренција од 31 возач извојува победа во класата Формула 1000 од трката за БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на патеката Серес во Грција. Истотака, Чифлиганец забележа и најбрзо време во трка од 1:21:6, што засега претставува најбрзо време на македонски мото-пилот на оваа патека. Во втората исклучително возбудлива трка, во многу тесна битка за подиумот за жал доживеа пад и заврши како четврто пласиран.
Христијан Бузалковски во класата Формула 600, која што е дел од истиот шампионат издвојува победи во двете трки во неговата категорија.
Нашиот натпреварувач Синиша Кочовски кој заедно со Чифлиганец настапи во класата Формула 1000 забележа две втори места во големата интернационална Југо-Источно Европска конкуренција.
Успесите на нашите пилоти беа пречекани со достојна почит како од останатите натпреварувачи, така и од публиката. Овие резултати претставуваат голем успех за македонскиот мотоспорт, и за прв пат наметнуваат доза доминантност на нашите мото-пилоти во регионот.