Интернет страницата Flаg Burning World на корисниците им овзможува виртуелно да запалат некое знаме и да покажат која земја најмногу ја мразат. Досега од Балканот најмногу е „палено“ грчкото знаме, 179.000 пати, а по него албанското со 112.000.
Македонското знаме изгорело повеќе од 78.800 илјади пати.
Веднаш по знамињата на Грција и Албанија најмногу се палени знамињата на Србија, БиХ и Словенија, нешто повеќе од 100.000 пати, па понатаму Бугарија, Хрватска и Косово, околу 90.000 пати.
Најмалку пати од Балканот е запалено знамето на Црна Гора, односно 78.000 пати.