Потребни беа две продолженија за „биковите“ да ја скротат Филаделфија, која влезе во овој меч со серија од осум победи и со сознанието дека деветтата ќе им го загарантираше местото во плејофот уште сега. Меѓутоа не одеше лесно, па Тајрис Макси на 33 секунди до крајот на регуларниот дел погоди за 91-91 и за продолженија, иако и двете екип иимаа по уште по еден напад потоа.
Во првиот екстра период Чикаго се спасуваше со кош за изедначување и за уште едно продолжение, а во вториот Филаделфија се соочи со голем хендикеп. Жоел Ембид направи шеста лична грешка и на, речиси, четири минути до крајот го напушти теренот. Нападот без него не одеше како што треба и Чикаго ја однесе победата, предводен од Зак Левин со 26 поени и седум асистенции. Ембид постигна 37 коша и 13 скока, што беше негово десетто остварување по ред со 30 или повеќе поени.
Интересен меч се одигра и во Њујорк, каде што Никс беа поразени од минесота со 134-140. Џулиус Рендл не можеше да се израдува на рекордот на кариерата со 57 поени, во кои вгради осум тројки, но затоа перфектна вечер имаше Тајшон Принс од Минесота, со 35 поени и исто така осум тројки (и тоа од осум обиди), што претставува негов личен рекрод.
На југот од континентот, шампионот Голден стејт стави крај на лошата мини-серија од три порази, совладувајќи го Хјустон со 121-108. Стеф Кари и Клеј Томпсон беа предводници со 30, односно со 29 поени, а домашната публика во Тексас најмногу му се радуваше на дебитантот Тари Исон, кој запиша дабл-дабл со 21 поен и 12 скока.
На останатите средби:
Шарлот – Индијана 115-109
Мемфис – Далас 112-108
Јута – Сакраменто 128-120