Најмалку 30 лица се повредени откако воз излета од шините на железничката станица на меѓународниот аеродром О’Харе.
Портпаролот на полицијата на Чикаго, Рон Гејнс рекол дека возот излетал од колосекот околу 2,50 часот по полноќ по локално време и дека никој од повредените не здобил повреди опасни по живот.
Железничкиот сообраќај во тоа подрачје е запрен на одредено време, а патниците од и до аеродромот се пренесени со автобус.