Во шумскиот пожар кој што изби во близина на чилеанското пристаниште Валпарасио досега изгореле околу 500 куќи, додека 3.000 лица биле евакуирани, објавуваат локалните медиуми.
Министерот за внатрешни работи, Родриго Пенаљино, навел дека едно лице е потешко повредено во пожарот, но засега нема жртви.
Поради брзото ширење на пожарот, претседателката на Чиле, Мишел Башле, тоа подрачје го прогласила за зона на елементарна непогода, па започнала евакуација во која што е вклучена и војската.