![svetska_banka_ilustracija Светска банка: Политичките случувања во Македонија ќе ја забават економијата](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/svetska_banka_ilustracija.jpg?resize=670%2C375&ssl=1)
Чилеански функционери ја обвинија Светската банка (СБ – WB) дека во своите извештаи за регулативата за деловното работење Doing Business повеќе години наназад нечесно ја третирала оваа латиноамериканска земја.
Чилеанскиот министер за надворешни работи Ералдо Муњоз, реагирајќи на интервјуто на главниот економист на Светската банка, Пол Ромер, порача на Twittеr дека „лажните вести станаа лажни статистики“.
Имено, Ромер изјави дека е можно оти од политички причини се манипулирало со показателите за Чиле, прикажувајќи пад на условите за водење бизнис. Светската банка, имено, покренала истрага за тоа.
Во разговорот за чилеанскиот дневен весник El Mercurio, економистот на Светската банка задолжен за рејтинзи,Аугусто Лопез-Карлос, вели дека промената на методологијата е „воведена во транспарентен и отворен контекст“, негирајќи каква и да е политичка пристрасност.
Чиле во моментов го зазема 55-то место од 190-те земји на годишната скала на Doing Business за конкурентноста, а кога левичарската претседателка Вероника Мишел Бачелет (Башеле) Херија во 2014 година ја презема должноста земјата се наоѓаше на 34-то место на ова рангирање.
„Многу е загрижувачко она што се случило со истражувањето на Светската банка за лесното водење бизнис. Истражувањата на рејтингот коишто ги спроведуваат меѓународните организации мора да бидат веродостојним имајќи предвид дека влијаат на вложувањата и развојот на земјата“, истакна Бачелет, чијшто четиригодишен мандат истекува во март, барајќи започнување истрага.
Муњоз ја повика Светската банка да ги „пресмета можните загуби во странските вложувања поради сомнежите предизвикани од послабото место во извештајот за конкурентноста во текот на мандатот на претседателката Бачелет“.
На претседателските избори во декември во Чиле победи конзервативниот милијардр Себастијан Пинера, а главниот противкандидат му беше Алехандро Гуљиер, кого го поддржуваше и Бачелет, која не можеше да се кандидира повторно поради ограничувањето на бројот на претседателските мандати. Пинера поддршката на гласачите делумно ја доби токму на ветувањето за кастрење на бирократијта и зголемување на вложувањата.
Извештајот на Светската банака Doing Business за регулативата на водењето бизниси во една земја ги зема предвид факторите како што се лесното започнување на работата, добивање кредити, плаќањето даноци и добивањето градежни дозволи.