Кредибилитетот на амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав е доведен во прашање, бидејќи тие оценија дека 5 јуни е прифатлив датум за избори по одложувањето од 24 април, вели за ТВ Нова новинарот Цветин Чилиманов.
-Нивна оценка беше дека датумот 5 јуни е прифатлив и дека дотогаш можат комотно да се организираат избори доколку нема опструкции од страна на претставниците на СДСМ во ДИК, доколку сите настапуваат со добра волја. Сега гледаме дека е јасно дека СДСМ одбиваат да учествуваат, но доколку има некаков притисок врз ДУИ и врз ДПА евентуално да не учествуваат на овие избори, јасно е дека тој притисок или охрабрување да учествуваат на тие избори треба да дојде токму од гаранторите на тој договор од САД и од ЕУ, изјави Чилиманов.
-ДУИ самите се имаат така поставено, дека тие се како претставници, гласноговорници на меѓународната заедница тука. Така што, можеби е проблемот до меѓународните посредници во овие преговори што не можеме да ставиме крај на оваа политичка криза, додава Чилиманов.