Чилиманов: Решение за кризата се нови предвремени парламентарни избори

Единственото решение за актулната продолжена политичка криза во Македонија е распишување нови предвремени паралментарни избори, вели новинарот и политички аналитичар Цветин Чилиманов, во интервју за бугарската новинска агенција Монитор, во коешто како причинител на политичката криза ги паострофира СДСМ, како и за делувањето на движењата спонзорирани од фондацијата Сорос во земјата.

На прашањето каде се корените на кризата и кога ќе запрат протестите, Чилиманов вели: „Исходот од кризата зависи од дејствијата коишто ќе ги преземат СДСМ и нивните албански коалициски партнери. Ако тие настојуваат за создавање влада која е противуставна и противзаконска, протестите ќе продолжат со нова сила“.

 

Чилиманов потсетува и дека еден од пратениците кој беше тепан во настаните во парламентот од 27 април, како градоначалник на Струга велел дека ќе избрка многу Македонци од институциите во градот и ќе вработи Албанци на нивните места, според него таквите изјави го предизвикуваат гневот на народот и ги потпалуваат протестите.

Запрашан кој стои за движењето „За заедничка Македонија“, Чилиманов наведува дека тоа е протестно движење кое се настанало по објавувањето на Тиранската платформа, од страна на албанскиот премиер Еди Рама. Чилиманов нагласува дека платформата побарува многу законски и уставни промени, но и дека тоа би ја претворило Македонија во двонационална држава, намалувајќи ја политичката тежина на Македонците и другите помали етнички заедници во полза на Албанците.

Чилиманов нагласува дека традиционална практика воспостаена последните деетина години е победничката партија од македонскиот блок да прави коалиција со победничката партија од албанскиот блок, а сега поголемиот дел од Македонците ќе бидат опозиција и таа влада сака да носи решенија по многу чувствителни прашања, како за името, знамето, грбот, официјализација на албанскиот јазик во региони каде нема албанци и осуда за геноцид на Србија, Италија, Германија и Бугарија, но дури и владата на комунистичка Македонија.

Чилиманов вели дека најдобар начин за излез од кризата се нови парламентарни избори, како би им се дало шанса на граѓаните да кажат што мислат за овие нови идеи кои изникнаа по декемвриските избори.

Во врска со Сорос и неговата застапеност во Македонија, Чилиманов вели дека тој во државата е присутен од 1990-те години, неговата македонска организација „Отворено општество“ е преполна со кадар од комунистичкиот период, со новинари и со соработници на полицијата. Чилиманов вели дека овие мрежи организираат протести, дополнува и дека во последните три години овие структури соработувале со амбасадата на САД во Македонија и со европски диполомати во државата кои, во прв ред, се со леви политички убедувања. Така често се плаќаат и антивладини протести, на кои често се ранети десетици полицајци, а се напданати конзервативни новинари, медиуми и политичари.

Порталот забележува во прилогот со разговорот со Чилиманов дека италијанското обвинителство ја истражува поврзаноста на Сорос со организацијата МОАС, која за две години внела повеќе од 33.400 нелегални имигранти.

Чилиманов вели дека за време на бегалската криза во Македонија, групите на Сорос беа многу активни, нивните организации ги полнеа светските медиуми со вести како полицијата дејствува брутално, а луѓето од НВО им помагаат на бегалците, тој вели и дека група помогната од Сорос и УСАИД им помагала на бегалците при издавање на документи. Чилиманов потсетува и дека организации застапници на отворени граници организираа премин на илјадници луѓе преку оградата при што се удавиле три лица.