Сосем очекувано, откако Никола Димитров самиот во Фајненшл Тајмс се откажа од пресудата од Хаг (со која Грција е обврзана да не го блокира нашиот прием во НАТО или во ЕУ), Никос Коѕиас денеска му потврди на гостинот од Скопиа дека Грција нема да ја почитува спогодбата. Мора да го смениме името ако сакаме да влеземе во НАТО, пишува во статус на Фејсбук, новинарот Цвети Чилиманов
„Забеганиве од СДС мислат дека ако настапат со изјави дека “ќе ја свиткаме кичмата” и “ако бидеме попријатни на Грците ќе им биде потешко да ни удрат вето”, дека тогаш Гркот ќе им се смилува. Напротив, за Гркот најавата за виткање кичма не е подадена рака за компромис, туку е сигнал дека треба да ти ја скрши кичмата, да не можеш веќе никогаш да застанеш исправен – напиша новинарот Цветин Чилиманов на својот фејсбук профил по објавувањето на изјавата на грчкиот шеф на дипломатијата по средбата со неговиот македонски колега“, додава Чилиманов во својот статус.
Тој завршува со тезата дека ‘Гркот се’ уште сака да покаже кој е главен“,единствената разлика од тогаш досега е што СДСМ оваа изјава веќе не би ја сфатиле како навреда.
„Исходот од посетите на СДС на Брисел и Атина е сличен на оној кога ни дојде Теодорос Пангалос во Скопје, и имаше заедничка прес конференција со Александар Димитров на времето. Пангалос, кој има кажано многу глупости во животот, тогаш, за да покаже кој е газда, сред Скопје порача дека Македонците во Грција (мислеше на Виножито) се збирштиња комуњари и хомосексуалци. Гркот се уште сака да покаже кој е главен, единствената разлика од тогаш до сега е што СДС оваа изјава веќе не би ја сфатиле како навреда“, завршува Чилиманов во својот статус на Фејсбук.