Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп го освои срцата на Кинезите со рецитирње и пеење на мандарински јазил, а нејзиниот успег кинескиот претседател Кси Џинпинг го оцени со „чиста петка“.
Во средата во рамките на неговата маратонска турнеја по Азија и Пацификот, американскиот претседател Доналд Трамп допатува во Кина, и притоа се пофали со својата внкука од ќерката ИванкаТрамп и Џаред Кушнер.
Претседателските двојки на двете светски велесилиужуваа во чајанката во Забранетиот град во Пекинг, кога Трамп на таблет на своите домаќини им покажал како неговата внука Арабела пее и рецитира на мандарински, пренесуваат кинеските државни медиуми.
„Заслужува чиста петка“, рекол Кси за внуката на американскиот челник којашто е веќе детска ѕвезда во својата татковина, но нејзините видеоснимки и од претходно се познати во Кина.
Трамп и неговата сопруга Меланија во средата уживаа во претстава во Пекиншката опера. Деца во блескави шарени костими изведуваа акробатски сцени во претставата „Кралот на мајмуните“, а по завршувањето на спектаклот им се поклониле на американските гости и извикувале „Добредојдовте во Кина“.
„Прекрасно“, коментирал Трамп додека заедно со Меланија со кинеските деца им позирале на фотографите.
https://www.youtube.com/watch?v=UD0_cSPQcOE