Чижов: Македонија за уши ја внесоа во НАТО

Стремежот за присоединување на Северна Македонија кон НАТО може да доведе до дестабилизација на ситуацијата на Балканот и ја поткопува европската безбедност, изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов, во интервју за весникот „Известија“.

Ние разбираме дека целата оваа дрска постапка со Договорот од Преспа, беше со цел да го забрза пристапувањето на Македонија во НАТО. За нас сликата е доволно јасна: за уши ја внесуваат земјата во Алијансата. Тоа ќе се одрази негативно на европската безбедност и на стабилноста во регионот на Балканот, додаде Чижов.

Тој истакна дека процедурата за промената на името на Македонија била во спротивност со уставните норми и покрај тоа што ова било нагласено од страна на претседателот на државата.