„Чкембари“ се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Денешното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер донесе големи инциденти на самиот старт.

Битолските навивaчи во салата влегоа некаде околу 10-тата минута и веднаш дојдоа во судир со полицијата. Од трибината каде што беа сместени можеа да се забелажат разни предмети кои беа фрлани кон останатата публика во салата, пренесе 24Ракомет.

Инцидентот траеше неколку минути, а по смирувањето на ситуацијата полицијата дозволи и останатите навивачите на битолскиот клуб да влезат во салата.

Видеата можете да ги погледнете на 24Ракомет.