Член на ИОК – проектот за Олимпијада 2024 е застарен поради коронавирусот

Членот на Интернационалниот олимписки комитет Ги Дрју, кој е поранешен олимписки шампион во пречки, верува дека организаторите на Олимпијадата во 2024 година треба да го променат проектот заради пандемијата на коронавирус.

– Кризата ќе има долгорочно влијание врз нашите животи, има економско и социјално влијание. Не може да помине без последици, а Олимпијадата не е исклучок. Оригиналниот проект е застарен и нема никаква врска со реалноста. Треба да го преиспитаме буџетот и да ги прилагодиме Игрите со новата реалност, изјави Дрју.

Олимпијадата во 2024 година треба да се одржи во Париз.