-И кога се отвори кутијата и се броеја гласовите не беше дадена никаква забелешка , ниту од избирачкиот одбор. И сепак беше потсетено и прашано дали има некој забелешка затоа што забелешките се упатуваат и пред отворањето на гласачката кутија и за време на процесот на пребројување. Комплетно како што треба со сите проверки и како што е практичен формуларот на записникот за сумирање и утврдување, фактички се совпаднаа резултатите со нула, во секој поглед. И затоа ние, еве јас тргнувам од себе, но гарантирам и за сите, рече членот.
Дума и Милев му поставија прашање дали е од дел од општинската комисија како член на политичка партија, а тој им одговори дека е дел од комисијата од делот од Јавна Администрација.
-Јас со целиот граѓански, стручен и професионален интегритет тврдам дека она во приговорот е невозможно, заклучи членот на општинската изборна комисија.