Членка на озлогласеното „семејство Менсон“ условно ослободена по 53 години затвор

Лесли Ван Хаутен, некогашна припадничка на ткн „семејството Менсон“, култот на Чарлс Менсон, кој изврши повеќекратни убиства во Лос Анџелес во август 1969 година, беше ослободена од затвор на условна слобода во вторникот, откако одлежа 53 години затвор, рече нејзиниот адвокат.

Ван Хаутен, сега 73-годишна, издржуваше доживотна затворска казна, а нејзиното ослободување се очекувало откако гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом во петокот објави дека ќе се откаже од обидот да го одбие помилувањето, пишува Reuters.

Во мај, апелациониот суд во сојузната држава Калифорнија ја поништи одлуката на Њусом и утврди дека Ван Хаутен е подобна за условно ослободување. Гувернерот можеше да поднесе петиција до Врховниот суд на Калифорнија за да го преразгледа случајот, но тој се одлучи да не го прави тоа, велејќи дека „малку е веројатно дека ќе успеат понатамошните напори за жалба“.

Ван Хаутен е првиот член од „семејството Менсон“ кој доби условна слобода, откако заврши во затвор поради пресуди поврзани со седум убиства во последователни ноќи во август 1969 година.

Ван Хаутен во вторникот го напуштила затворот во градот Корона во јужна Калифорнија и се преселила во куќа на непозната локација каде ќе остане една година, изјави нејзината адвокатка Ненси Тетро.

„Беше примерна затвореничка од денот кога влегла во затвор. Беше вклучена во терапија 40 години. Таа едноставно е друга личност”, рече Тетрео.

Ван Хаутен имала 19 години кога се случиле убиствата, што ја прави најмладата од приврзаниците на Менсон.

Одборот за условно ослободување препорача предвремено ослободување на Ван Хаутен пет пати од 2016 година, но тоа беше одбиено три пати од Њусом и двапати од неговиот претходник на местото гувернер на Калифорнија.

Чарлс Менсон почина во затвор во 2017 година на 83-годишна возраст, станувајќи еден од најозлогласените криминалци на XX век. Тој им наредил на своите претежно млади и женски следбеници да убијат седум луѓе, вклучително и актерката Шерон Тејт, во август 1969 година во, како што рекоа обвинителите, дел од планот за поттикнување расна војна.

Ван Хаутен беше осудена дека ги избодела до смрт на сопственикот на синџир продавници Лен Лабјанко и неговата сопруга Розмари во нивниот дом во Лос Анџелес на 10-ти август 1969 година.

Претходната ноќ, членовите на култот на Менсон провалиле во куќа на ридот во Лос Анџелес, во која Тејт живеела со нејзиниот сопруг, славниот режисер Роман Полански, кој во тоа време престојувал во Европа. Тејт тогаш имала 26 години и била бремена во осмиот месец, а била убиена заедно со четворица пријатели.

From left: Susan Atkins, Patricia Krenwinkel, and Leslie Van Houten, walk to court to appear for their roles in the 1969 cult killings of seven people, including pregnant actress Sharon Tate, in Los Angeles, Calif.
AP