Членките на БРИКС договорија проширување на блокот

Земјите членки на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, чиишто чeлници учестуваат на самитот во Јоханесбург во средата договорија проширување на блокот, па се очекува приемот на новите земји членки да се случи на некој следен состанок.

„Подготени сме да го прошириме бриксовото семејство“, порача јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во текот на отворање на пленарнара седница на челниците чиј домаќин ќе биде до четвртокот. „Сите членки во целост ја поддржуваат таа замисла“, додаде.

„Се согласивме по прашањето на проширувањето. Усвоивме документ кој ги утврдува насоките, принципите и постапката за процената на земјите кои сакаат да станат членки на БРИКС“, изјави јужноафриканската министерка за надворешни работи Наледи Пандор во изјавата за јавното радио Ubuntu Radio.

Пандор не конркетизираше дали имињата на земјите кои сакаат да му пристапат на блокот ќе бидат објавени на самитот, додавајќи дека „поединостите“ ќе бидат изнесени пред крајот на самитот во четвртокот вечерта.

Претходно во вторникот Кина отворено порача дека го поддржива проширувањето на блокот земји кои сега го сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Тоа го поддржуваа отворено пред самитот и другите земји членки, но Индија досега не се изјаснуваше во прилог на проширувањето.

Кина, на којашто според некои процени отпаѓа 70 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на блокот, јасно ја изрази наклонетоста за зголемување на бројот членки во БРИКС и проширување на неговото влијание.

„БРИКС мора да дејствува во полза на мултилатеризмот и да не создава мали блокови. Мораме да интегрираме повеќе земји во семејството“, рече кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Во вторникот, на првиот ден од самитот, индискиот премиер Нарендра Моди не го спомена проширувањето, само го истакна брзиот екомомски раст на својата земја, поткрепувајќи го тоа со мноштво бројки и примери.

„Индија целосно го поддржува проширувањето на членството на БРИКС и го поздравуваме напредокот во оваа насока“, изненади во средата Моди.

Индискиот премиер посочи дека за тоа неговата земја се залагала и претходно.

„Во текот на индиското претседателство го дефиниравме БРИКС како група за флексибилно, инклузивно и колективно решение. Седум години подоцна, можеме да кажеме дека БРИКС ќе ги урива баирерите, ќе ја заживува економијата, ќе ја поттикнува иновнатовноста, ќе создава можности и обликување на иднината. Заедно со сите партнери во БРИКС ќе продолжиме активно да придонесуваме за давањето смисла на оваа нова дефиниција“, рече Моди во текот на денешната сесија во рамките на самитот во Јоханесбур.

Четиресетина земји ширум светот побарале членство во грипата или изразиле интерес за тоа, според министерството за надворешни работи на ЈАР, домаќин на самитот. Меѓу ниви се земји од сите континенти, меѓу кои Саудиска Арабија, Турција, Иран, Египет, Аргентина, Тунис, Нигерија, Куба и други.

Според челниците на петчлениот блок, кој произведува четвртина од светското богаство и сочинува 42 отсто од светската популацоја, интересот го покажува сѐ поголемото влијание на земјите во развој на глобалната геополитичка сцена. Хетерогената маса на географски оддалечените земји со нееднаков економски раст, ја истакнува заедничката желба во БРИКС за воспоставување глобална рамнотежа, особено во однос на влијанието на САД и Европската унија.