Членките на НАТО продолжуваат да ја помагаат Украина со тешко и оружје со долг дострел

Земјите членки на НАТО ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје и воена опрема, вклучително и со тешко и вооружување со долг дострел, изјави во средата генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Русија повеќепати предупреди дека испраќањето на таквите системи оружја кои претставуваат закана за нејзината територија може да доведе до ескалација на судирот, како и дека западните земји коишто на Киев му го доставуваат таквото оружје ќе мора да ја понесат одговорноста. САД и Велика Британија, пак, од пред две седмици испорачуваат артилериски системи со долг дострел, како што наведува, откако од украинските власти добиле ветување дека нема да биде употребено за гаѓање цели на руска територија.

„Сојузниците се решителни да продолжат да пружаат воен опрема којашто на Украина ѝ е потребна да надвладее во судирот, вклучително и тешко вооружување и системи со долг дострел“, изјави Столтенберг на прес-конференцијата пред состанокот на министрите за одбрана на државите членки на НАТО.

Во средата навечер ќе се сретне Контактната група за поддршка на Украина којашто ја предводат САД коишто тврдат дека содржи 50-ина земји. На тој состанок учествуват и Украина, Грузија, Шведска, Финска и Европската унија.

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников ќе ги извести учесниците што итно ѝ е потребно на Украина, а сојузниците ќе имаат можност да најават нова воена помош.

Столтенберг, исто така, најави дека министрите за одбрана, исто така, ќе разговараат за „јакнење на практичната поддршка на загрозените партнери, како што се Босна и Херцеговина и Грузија“.

Состанокот на министрите за одбран се одржува во рамките на подготовките за самитот на НАТО кон крајот на месецот во Мадрид.

„Самитот се одржува во клучен момент за нашата безбедност. Русија води брутална војна на исцрпување против украинскиот народ, што претставува најголема закана за евроатлантската безбедност во последните неколку децении“, тврдеше Столтенберг.

Се очекува дека на мадридскиот самит челниците на НАТО ќе одобрат нов пакет воена помош за Украина за замена на вооружувањето од советската ера со модерна опрема според стандардите на Алијансата.

Столтенберг тврдеше и дека Русија со инвазијата на Украина го напуштила Основачкиот акт (Советот НАТО-Русија), чија клучна одредба била дека две страни повеќе не се сметаат за противници.

Основачкиот акт за меѓусебните односи, соработка и безбедност меѓу НАТО и Руската Федерација е потпишан на 27-ми мај 1997 година во Париз. Но веќе истата година Алијансата почна со апсорбирањето во своето членство на поранешните советски сателити и членки на Варшавскиот договор, со што постепено се приближуваше кон руските граници.

Во декември 2021 година Русија до САД и НАТО понуди потпишување договор со кој ќе се утврдат ветувањата дадени на Москва во 1990 година кога се согласи на обединувањето на Германија и го распишти Варшавскиот договор, дека Алијансата нема да се шири кон руските граници, а особено бараше воена неутралноста за Украина и Грузија предочувајќи го тоа како свои „црвени линии“. Но Вашингтон и Брисел ја игнорираа таквата понуда на Москва за потпишување сеопфатен договор кој би ја гарантирал безбедноста и стабилноста на Европа, заедно со денуклеаризација на континентот.

Во тој контекст Столтенберг толкуваше дека споменатиот Основачки акт „не го спречува“ НАТО да го зајакнува „своето присуство во источна Европа“.

Столтенберг ги нарече „историски“ одлуките на сосетките на Русија – Шведска и Финска, кои со децении директно се комплементираат со НАТО и покрај декларираната воена неутралност, да ја искористат војната во Украина официјално да побараат членство во воениот блок.

„Сега активниот работиме на следните чекори во пристапниот процес и истовремено ги земаме предвид безбедносните грижи на сите сојузници“, рече Столтенберг.

„Безбедносната загриженост“ се однесува на противењето на Турција на влезот на Финска и Шведска во НАТО и бара двете скандинавски земји да престанат да ги поддржуваат Работничката партија на Курдистан (PKK) која води вооружен бунт против Анкара од 1984 година, како и движењето FETO на исламистичкиот проповедник во егзил во САД, Фетула Ѓулен, кое го обвинуваат за неуспешниот обид за воен преврат во летото 2016 година.

Столтенберг рече дека министрите за одбрана на сојузниците во четврток ќе разговараат за потребата од јакнеење на силите за одвраќање и одбрана како одговор на „новата безбедносната реалност“.

НАТО и пред руската воена интервенција во Украина го удвои бројот на борбените групи на источното крило од Балтичкото до Црното Море од четири на осум и распореди 40.000 војници под сојузничка, главно американска команда.,

„Сега ќе донесеме одлука за големината и форма на нашата присутност на подолг рок“, рече Столтенберг.