Бењамин Бени Ганц, член на воениот кабинет на Израел, се закани дека ќе се повлече од владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во саботата.
Доколку премиерот не го претстави повоениот план за Појасот Газа до 8-ми јуни, тој и другите членови на неговата централнодесничарска партија Национална унија (коалиција „Сино-бело” – Кахол Лаван) ќе ја напуштат владата, рече Ганц во Тел Авив.
Воениот кабинет беше формиран само неколку дена по нападот на Хамас во јужен Израел на 7-ми октомври.
Шеесет и четирогидшниот Ганц, генерал поранешен началник на Генералштабот на израелската армија од 2011 до 2015 година, и поранешен министер за одбрана и вицепремиер од 2020 до 2022 година, влезе во владата на политичкиот противник Нетанјаху како министер без ресор.
Неговата партија е всушност опозициска партија и според анкетите моментално е далеку пред партијата Ликуд на Нетанјаху.
Нападот на Хамас и другите радикални исламистички групи беше причин за сеопфатниот израелски одмазнички напад во палестинската енклава Појасот Газа. Израел, сепак, оттогаш се соочи со меѓународна критика за големиот број цивилни жртви и катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа.
Во самата земја многумина го критикуваат фактот дека војната, за разлика од другите израелско-палестински и израелско-арапски војни, и по повеќе од седум месеци не донесе решавачка победа. Владата е цел на критики и бидејќи Хамас сè уште држи повеќе од 100 заложници.
Нетанјаху, кој е најдолговечниот премиер во историјата на Државата Израел, владее со ултрадесничарските и ултрарелигиозните партии од крајот на 2022 година. Досега тој одбиваше да претстави план за управување со Појасот Газа по војната.
Во историјата Израел неколкупати ја окупираше Газа, а по избувнувњето на Интифадата (востание) на Палестинците во енклвата во 2000 година во септември 2005 година беше донесена одлуката за повлекување на изралеските војници и доселеници од Пикасот Газа.