Повеќе членови од раководството на Унијата на млади сили (УМС)на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од скопската населба Аеродром, утрово се приведувани од страна на полицијата, велат за медиумите од очевидци.
Како што сведочат за Лидер утринава биле приведени и однесени во полициската станица во Ново Лисиче, најголем дел од членовите на раководството на УМС Аеродром. Во моментов чекаат во полициката станица за да бидат повкани на распит а не им кажуваат за што ќе биде распитот.
Меѓу лицата кои се наоѓаат во полициската станица во Ново Лисиче е и советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, и организационен секретар на партијата Петар Миоски. Во полициката станица е и претседателот на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски.
Во станицата се и членовите на Извршниот Комимтет на УМС Аеродром и потпретседателите.