![rusija zname](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/rusija-zname.png?resize=696%2C316&ssl=1)
Осумчлениот Арктички совет соопшти дека неговите претставници нема да патуваат во Русија на состаноците на телото и оти „учеството на сите состаноци е привремено суспендирано“.
Во соопштението, членовите на Советот – Канада, Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Русија, Шведска и САД, „ја осудуваат неиспровоцираната руска инвазија врз Украина и констатираат сериозни пречки во меѓународната соработка, вклучително и во Арктикот, предизвикани од руските акции“.
Русија во моментов претседава со овој меѓувладин форум, основан во 1996 година.
Неговата цел е да ја промовира соработка, координација и интеракција, прашањето за локалното население и другите луѓе кои го населуваат Арктикот. Советот особено се занимава со прашања за одржлив развој и заштитата на животната средина на Арктикот.
Во Арктичкиот регион живеат на повеќе од четири милиони луѓе.