Професорот на Правниот факултет – Гордан Калајџиев на Фејсбук објави напиша дека членовите на Комисијата за помилување поднесуваат колективна оставка од позициите.
-Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, објави универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, на својот фејсбук профил.
Со почит,
Проф.др. Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Ајтен Шаќири.
26.10.2024 година
„Членовите на Комисијата за помилување денеска ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека колективно се повлекуваат од своите позиции. Одлуката за колективна оставка е донесена согласно личните и професионални принципи на членовите на комисијата“, соопштија од Кабинетот на претседателката.
Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.
Според најавите од Кабинетот, претседателката во наредниот период ќе спроведе консултации за избор на нов состав на Комисијата за помилување. Притоа, ќе бидат разгледани и можните институционални и законски слабости во системот на помилување.