Членовите на НO и УО на Водовод, со поддршка за претседателот на УО, кој беше нападнат во просториите на претпријатието

Членовите на Надзорниот и на Управниот Одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, реагираа на денешните напади врз нив и врз претседателот на УО. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Реакција на соопштението на Драган Илиевски, в.д. директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје

Ние членовите на Надзорниот и Управниот Одбор, на ЈП Водовод и канализација-Скопје, едногласно ги носиме сите одлуки и даваме поддршка на Претседателот на УО на Водовод, Идриз Орана, кој денес беше нападнат како физички, така и преку штурото соопштение на директорот Драган Илиевски, кој се осмели да го вмеша и неговото потесното семејство, со бесрамни лаги и напади. Тоа говори за нивото на кое се сведуваат градоначалничката Арсовска, која е наредбодавец на овие срамни настани и понизниот извршител, директорот Драган Илиевски. Ние нема да отстапиме во нашето делување, кое е во насока на подобро работење на претпријатието, а во полза на граѓаните на Град Скопје.