Членовите на „One Direction“ со трогателна објава се простија од Лијам Пејн

Поранешните колеги од групата „One direction“ на трагично загинатиот Лијам Пејн, Хари Стајлс, Ниал Хоран, Луис Томлинсон и Зејн Малик се огласија по неговата трагична смрт.

Тие објавија порака на официјалниот Инстаграм профил на бендот по смртта на Пејн.

-Целосно сме уништени од веста за смртта на Лијам. Со текот на времето, и кога сите ќе можат, ќе кажеме ппвеќе. Но, засега ќе ни треба малку време да тагуваме и да ја прифатиме загубата на нашиот брат кој го сакавме. Спомените што ги споделивме со него ќе бидат засекогаш, се наведува во објавата.

Тие петмина се запознаа на натпреварот „Икс Фактор“ во 2010 година, по што се роди бендот „One direction“, кој брзо се здоби со популарност ширум светот.

Лијам Пејн (31) загина откако паднал од третиот кат во хотел во Буенос Аирес.