
Вице премиерот за економски прашања Владимир Пешевски при денешната посета на индустриската зона Чојлија во Петровец истакна дека истата е пример кој укажува како треба да се креираат економските политики на една држава. Не е потребно само централната Власт туку е потребно и локалната власт да преземе соодветни мерки и дејствија.
Индустриската зона Чојлија е најголемата индустриска зона во Македонија, првобитно замислена со големина од 196 хектари, во моментов се работи за проширување и пренамена на земјиштето за да се добијат уште 26 хектари. Со тоа вкупната големина ќе достигне 230 хектари
-Вкупно 77 локации се ќе продадени на потенцијали инвеститори, околу 10-на објекти се градат во моментов а до крајот на следната година треба да почнат со градна уште 30-на. Така што општина Петровец станува една индустриска општина која ќе има голем број на работни места и развојот ќе продолжи понатаму, рече Пешевски.
Сигурен сум, додаде Пешевски дека за неколку години на ова место ќе бидеме сведоци на нови производствени погони и на неколку илјади нови работи места.
Градоначалникот на општина Петровец појасни дека останата е уште една парцела а за неа веќе има заинтересирани како и дека интересот за влез на други инвеститори е огромен.
-Ние како централна власт го смисливме концептот на индустриски зони го исфрсиравме тоа во соработка со градоначалниците , направивме мерки со кои се даде на управување градежното земјиште и можноста да ги урбанизираат земјоделските земјишта. Се даде можноста на акциите да се врши продажба на земјиштето по едно евра на метар квадратен. Се намалија за 95% надоместоците за комунално уредување со што се намалуваат трошоците за градба. Драматично се забрзаа постапките за давање на дозвола за градба што прави голема заштеда за инвеститорите. Се модернизираа и голем број на процеси во самиот катастар . сите оние процеси кои што значат креирање на ефикасен систем од страна на централната власт беа креирани, секако заедно со другите мерки за стимулирање и отворање на нови работи места. Кога сето ќе го соедините со способен градоначалник и способна локална власт резултатите постепено сами си доаѓаат, појасни Пшевски.
Пешевски подвлече дека примерите на општина Петровец треба да бидат пример и за останатите градоначалници, односно дека доколку се активни и ги користат можностите креирани со овие политики ќе се отвораат и нови работни места и на нивото на својата општина. Онаму каде што може Владата да помогне, додаде тој, владата ќе ја даде потребната логистичка поддршка.