Палачинките можеме да ги комбинираме со сè што ќе посакаме, па дури и да ги претвориме во превкусна торта. За овој рецепт ќе ви бидат потребни:
За палачинките:
- 6 јајца
- 450 мл млеко
- 120 мл вода
- 75 грама стопен путер
- 150 грама брашно
- 40 грама какао
- 40 грама шеќер
- Екстракт од ванила
За филот:
- 130 грама смрзнати или свежи малини
- 50 грама шеќер
- 230 мл хопла
- 60 грама шеќер во прав
- 115 грама маскарпоне
Начин на подготовка:
Сите состојки од кои што ќе ги приготвувате палачинките треба да бидат на собна температура за да се избегне создавање на грутчиња. Најпрвин со маталка убаво измешајте ги јајцата, млекото и водата. Потоа додадете ги путерот, ванилата и шеќерот. Откако сте го направиле тоа може да преминете кон додавање на мали количини од брашното и какаото. Кога добро ќе ја изматите смесата оставете ја да отстои 10-тина минути.
Испржете ги палачинките на стандарден начин и почекајте да се изладат.
Филот подгответе го така што прво убаво ќе ги изматите малините со шеќерот. На страна во сад ставате ја хоплата и изматете ја со шеќерот во прав додека не добиете цврст крем. Додадете го маскарпонето, а потоа и филот од малини.
Редете палачинка, па врз неа фил. Кога ќе ја наредите тортата од палачинки украсете по желба.