
Фондот за здравство мора да сфати треба да работи во интерес на народот и во интерес на докторите кои се носители на целото здравство. И мора да се подигне свеста на тие кои ги креираат законите, не може да не се менува ништо суштинско, да има одлив на кадар, а да профитираат само приватните болници, изјави Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружение на приватни лекари за „Што не е јасно“ на Алфа.
Таа истакна дека мора да се менуваат нештата бидејќи бевме сведоци на воено профитерство.
– Се земаа 4.000 денари за ПЦР тест, цените на маските и скафандерите пораснаа, дезифициенси, лекови, а 40% се качи данокот за лекови и никој не го спомна тоа, рече Чолакова Дервишова.
Таа посочи дека проблемите се јавуваат затоа што тие кои ги носат одлуките одозгора ги гледаат работите и не се на терен и затоа голем дел на одлуки се погрешни.