Чомовски: Руски тајкуни владеат со оловото, цинкот и бакарот во Македонија

Жално е што во Македонија никој не разговара за важните економски перформанси, изјави Александар Чомовски, долгогодишен и реномиран новинар во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, алудирајќи на тоа дека нашата држава е мала и треба да ги искористи сите потенцијали кои и се на располагање.

Во услови кога сите рудни богатства се дадени на руски тајкуни, Чомовски на шега вели зошто не излезат нашите политичари и да кажат дека нема потреба од рударство, па во Македонија ќе живееме во една селска еколошка оаза.

„Македонија е мала држава, и Македонија и Албанија, но Албанија има потенцијал , Албанија има мориња, сега ќе има веројатно нафта и гас. Што има Македонија? Зошто не излезат нашите политичари и да им кажат, види нема потреба од рударство и злато, ние ќе си живееме во една селска еколошка оаза, во услови кога сите рудни богатства на Македонија се дадени на руски тајкуни“, вели Чомовски.

Руските тајкуни во овој момент преку Бугарија или преку некои македонски експозитури владеат со оловото, цинкот и бакарот, вели Чомовски и прашува зошто тоа не не’ боли. Констатира дека во Македонија има потреба од рудници, секако со стандарди, согласно законските прописи.

„Што не излезе Мицкоски и да рече срамота, ќе ги избркаме нив и ние ќе располагаме со тоа национално богатство, а на таа карта се налепува и дел од струмичкото раководство, па и Заев дека нема потреба од Иловица…Има потреба за се’ ако знаеме да ги направиме стандардите“, констатира Чомовски.

Тие ниски стандарди беа карактеристика до пред една деценија, но во денешно време тоа не е случа,ј вели Чомовски.