Специјалитетот чорба од лук на голема врата се врати во мода, заедно со фосирањето на здрав живот. Мааната е во тоа што ако само еднаш ја пробате, толку ќе ја засакате што ќе стане неизбежен дел од вашето неделно мени.
Потребно е– 500 мл пилешка супа, 750 милилитри вода со врзоп за супа, 30 грама путер, 24 чешниња лук, 5 грама рендано морско оревче, 3 јајца, 6 парчиња сув леб, 2 лажици маслиново масло, сол, мелен црн пипер.
Подготовка:
Ставете ја водата со врзопот за супа да зоврие, па додадете ја пилешката супа. На тивок оган динстајте го лукот на растопениот путер, додека стане стаклест, па додадете ја супата.
Посолете, зачинете со мелениот црн пипер и морското оревче, па варете 15 минути. Измиксајте ја смесата во блендер. Кришките леб потопете ги во изматени белки и испечете ги во рерна.
Изматете ги жолчките со маслиновото масло и додадете ги во чорбата, непрекинато мешајќи. Вратете ја чорбата на оган да се загрее, но внимавајте да не зоврие. Испечените кришки леб ставете ги во чорбалак и прелијте ги со чорбата.