Од полицијата за Курир потврдуваат дека човечки леш во фаза на распаѓање бил пронајден во канализациона шахта при изведување на градежни работи за Сончев град.
Починато лице околу 12:30 часот било пронајдено во скопско Сопиште.
Полициски екипи се терен и увидот е во тек. Засега нема информации за идентитетот на починатото лице и причините за смртта. Според неофицијални информации се работи за женско лице.