Австралиецот Сајмон Доранте-Деј (56) со години се обидува да ја убеди јавноста дека е син на кралот Чарлс Трети (73) и кралицата Камила (75), а сега овој човек, чие средно име е Чарлс, бара и ДНК анализа за да ги потврди своите тврдења пред сите. Сајмон е роден на 5 април 1966 година во Хемпшир и живее во Австралија. Семејството во кое бил израснат го посвоило кога имал само 18 месеци. Неговата посвоена мајка била Винифред, поранешна вработена кај кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Таа наводно многу често му кажувала за неговите родители, а подоцна го открила и нивниот идентитет. Роден е кога Чарлс имал 17, а Камила 18.
Инаку, Доранте-Деј со својата приказна дека е син на кралот Чарлс и кралицата Камила излезе во јавноста во 2019 година, а потоа тврдеше дека бил убеден дека е зачнат за време на првата афера на кралската двојка кога Чарлс имал само 17 години и Камила имла 18 години. Своите тврдења дека припаѓа на кралското семејство ги поткрепи со фотографии од младоста на кои има неверојатна сличност со кралот и војвотката од Корнвол. Наводно, и покојната принцеза Дијана била свесна за фактот дека тој е вонбрачен син на кралската двојка.
– Верувам дека принцезата Дијана знаеше дека постојам и дека ги „склопуваше коцките“. Мислам дека наоѓаше се повеќе одговори за нејзиниот живот, за тоа какво зло и е направено и сакаше да излезе во јавноста со тоа пред нејзината смрт – изјави Сајмон за австралиското списание New Idea.
Чарлс зад себе има пропаднат брак со принцезата Дијана со која беше од 1981 до 1996 година. Во бракот имаа два сина, Вилијам и Хари. Осум години по смртта на принцезата Дијана, Чарлс се оженил со Камила, во која бил вљубен уште од раната младост.