Човекот кој потпиша дека имаме заедничка историја со Бугарија зборува за патриотизам

Она што ме иритира е што Заев и СДСМ и нивната пропаганда се обидуваат да се докажуваат за патриоти. Значи внимавајте Зоран Заев го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за патриотизам, значи човекот кој што потпиша дека имаме заедничка историја со Бугарија зборува за патриотизам, нагласи Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Николоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на македонските национални интереси и дека нема да се случи никој од ВМРО-ДПМНЕ да каже дека не постои македонски јазик и оти Гоце Делчев не бил Македонец.

-Ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласи дека не постои македонски јазик и дека Гоце Делчев не бил Македонец, тоа нема да се случи без разлика на цената која што треба да се плати, изјави Николоски.