Мажот кој во изминатата ноќ уби француски полицаец и негова сопруга во терористички напад во Парискиот регион, веќе бил осуден во 2013 година за учество во џихадистичка организација.
Напаѓачот кој е идентификуван како Лароси Абала (25), бил осуден во 2013 година за тероризам и за учество во џихадистички организации поврзани со Пакистан. Тој одлежал три години „заради злосторничко здружување со цел извршување терористички акти“. Бил суден заедно со уште седум други лица, јавуваат француски медиуми повикувајќи се на извори од истрагата.
Изворот кој сакал да остане анонимен, наведува дека напаѓачот прво го убил полицаецот, а потоа ги држел неговиот син и сопруга во неговиот дом. По заложничката драма, и сопругата е пронајдена мртва. Полицијата го ликвидира напаѓачот по неуспешни преговори за негово предавање.
Одговорноста за двојното убиство ја презеде ИД.