На Светскиот економски форум (WEF), кој и годинава ќе се одржи во швајцарското зимско одморалиште Давос од 15-ти до 19-ти јануари, предвидено е да се дискутира за „болеста Икс (Х)“, која може да биде 20 пати посмртоносна од пандемијата на коронавирусот, се наведува на веб-страницата на организацијата.
„Имајќи ги предвид новите предупредувања од Светската здравствена организација дека непознатата ‘болест Х’ може да додвед до 20 повеќе смртни случаи од пандемијата на коронаворусот, какви нови напори се неопходни за да се подготват здравствените системи за бројните претстојни предизвици?“, се вели, меѓу другото, во најавата за настаните на форумот.
Дискусијата на оваа тема ќе се одржи на 17-ти јануари од 11,30 до 12,15 часот по средноевропско време. На неа ќе се обратат челникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тедрос Аденом Гебрејесус, претствник на бразислкото министерство за здравство и други здравствени експерти.
Уште во 2020 година СЗО објави дека првиот „патоген Х“ со целосна основа треба да се препознае како коронавирусот SARS-CoV-2, кој ја предизвика пандемијата од коронавирусната болест COVID-19. Истоврмено, како што тогаш беше наведено, постои голема веројатноста дека по него ќе следат и други. Меѓу факторите кои придонесуваат за тоа, научниците ги наведуваат зголемените промени во животната средина и развојот на биолошкото оружје.
Имајќи ја предвид брзорастечката отпорност на бактериите на антибиотици, можно е следната „болест Х“ да биде бактериска инфекција, вклучително и некоја веќе позната, сметаат научниците.