Човиќ: Во БиХ може брзо и без Шмит да се донесе нов изборен закон

Претседателот на најголемата партија на Хрватите во Босна и Херцеговина – HDZ BiH, Драган Човиќ, е убеден дека до крајот на јануари може да постигне договор со коалициските партнери во државната власт за сеопфатни измени на изборниот закон на БиХ, па затоа смета дека нема потреба од интервенција на високиот претставник Кристијан Шмит кој најави таква можност.

Во интервју за босанското издание на весникот Večernji list лист во саботата, Човиќ тврди дека постои подготвеност на парламентарното мнозинство да подготви нов изборен закон и да го испрати во собраниска процедура до крајот на јануари.

„Имаме јасно мнозинство во двата дома (парламентот на БиХ). Ќе работиме интензивно на тоа и мислам дека се ќе завршиме до крајот на јануари“, рече Човиќ, објаснувајќи дека клучот е во договорот меѓу HDZ BiH и трите партии кои го сочинуваат бошњачкиот-граѓански блок во рамките на владејачката коалиција.

На 19. декември високиот претставник Шмит ги повика властите во БиХ брзо да ги усвојат измените на изборниот закон, а доколку тоа не се случи најави дека ќе ги искористи своите овластувања и самиот ќе ги наметне потребните решенија.

Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ во петокот на предлог на опозициската Партија за демократска акција (SDA) на бошњачкото мнозинсто го усвои предлогот за технички измени на изборниот закон со образложение дека на тој начин ќе се зајакне интегритетот на изборниот процес.

Промените главно се однесуваат на воведувањето нови технологии за време на гласањето и обработката на резултатите, како и за дефинирање на улогата на Централната изборна комисија (SIP) и локалните изборни комисии.

Предлогот на SDA во Претставничкиот дом доби поддршка и од партиите на „тројката“, но од различни причини против него беа претставниците на HDZ BiH и Сојузот на независни социјалдемократи (СНСН) на лидерот на босанксите Срби, Милорад Додик. Измените би требало да ги одобри Домот на народите на Парламентот на БиХ, а таму HDZ BiH и СНСД имаат контрола во вкупните хрватски и српски пратенички групи, па извесно е дека измените на SDA ќе останат без неопходното конечно одобрение.

Човиќ сега објаснува дека ваквите парцијални промени се неприфатливи за неговата партија, затоа што мора суштински да се подобри изборниот закон, а пред се да се реши проблемот со легитимната застапеност на конститутивните народи, особено при изборот на членови на Претседателството на БиХ.

„Нема поголема закана за интегритетот на изборниот процес од ова лажно претставување што го имаме денес во институцијата на хрватскиот член на Претседателството на БиХ“, рече Човиќ, алудирајќи на начинот на кој Жељко Комшиќ е избран во државниот врв по четврти пат како наводен претствник на хрватскиот народ во БиХ но во договор и со поддршка на бошњачките гласови на SDA.

Човеќ смета дека усвојувањето на ваквите измени на изборниот закон е најважна задача и суштински предуслов за Европскиот совет да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина во март следната година.

„Ако ние во рамките на Федерацијата Босна и Херцеговина најдеме квалитетно решение за изборниот закон, легитимната застапеност, улогата на Централната изборна комисија и техничките промени, решивме се“, заклучи Човиќ.