Чудесен лек, мед и ленено семе

Овој чудесен лек може слободно да се нарече супер храна, а тоа се должи на богатиот и моќен состав што го имаат овие две состојки поединечно, кои потоа создаваат една чудесна комбинација.

Ленените семиња се неверојатен извор на диетални хранливи влакна, омега-3, повеќето витамини од Б групата, магнезиум, селен и фосфор. Овие семиња значително го подобруваат метаблизамот, ефикасно ги прочистуваат цревата од токсини, што пак му помага на телото побрзо и полесно да се ослободи од вишокот килограми.

Благодарение на неговиот антимикробен ефект, медот се бори со патогените и го забрзува заздравувањето на желудникот по претходно присуство на чир. Покрај тоа, медот ефикасно ја нормализира високата киселост, дејствува како анестетик и го ублажува воспалението на дигестивниот тракт. Помага при слабеење и ја подобрува стомачната лигавица.

Како да го приготвите лекот од мед и ленени семиња:

Потребни состојки
200 мл вода
1 супена лажица мед
1 супена лажица ленени семиња
1 зелено јаболко
Начин на подготовка
Излупете го јаболкото, отстранете ја срцевината, исечете на тенки парчиња, а потоа заедно со останатите состојки, заедно измешајте го во блендер.

Начин на употреба:

Консумирајте го лекот двапати неделно на празен стомак, половина час пред вашиот оброк. Смесата ќе ви помогне да се справите брзо со дигестивните заболувања, стомачната подуеност и киселините.

Истовремено, доколку често страдате од опстипација, едноставно измешајте мед и ленено семе во еднаков сооднос и консумирајте 5-6 кафени лажици од добиената смеса во текот на денот.