Чуркин: Нови 10 прашања за Украина во врска со падот на авионот

Украинските власти ќе мораат да одговорат на нови 10 прашања за околностите под кои е срушен малезискиот патнички авион на територија на источна Украина, изјавил рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин во говор на седница на Советот за безбедност.

Тој го обвинил Киев дека се служи со техника на залажување на меѓународната заедница со тоа што укажува на наводна вмешаност на проруските сили во  источна Украина и соборувањето на авионот и рекол дека постапките на украинската војска се крајно сомнителни.

Украина ќе мора да одговори на многу прашања кои се однесуваат на постапките на нејзината контрола на летовите и причината за преместување на противавионскиот ракетен систем Бук во подрачје кое се наоѓа покрај самата територија која е под контрола на проруските сили, рекол Чуркин.

Тој рекол дека руското министерство за одбрана веќе формулирало низа на прашања, додавајќи дека се надева дека прашањата ќе ги постават меѓународните истражители, пренесува Итар Тас.

Меѓутоа Киев започна со ширење на невистина, помеѓу другото и во Советот на безбедност на ОН, истакнал Чуркин.

Првото прашање на кое Русија бара одговор гласи зошто авионот МН17 го напуштил меѓународниот коридор. Второто прашање е дали МН17 свртел од патеката заради грешки во навигацијата или екипажот постапил според инструкциите на украинската контола на летовите во Днепропетровск.

Зошто голем дел од системот на воздушната одбрана во подрачјето под контрола на проруските сили ако тие немаат авиони би било трето прашање. Четврто, зошто Киев го поставил ракетниот систем Бук веднаш до подрачјето кое го контролираат проруските сили непосредно пред авионската несреќа, пренесуваат руските медиуми.

Киев на денот на несреќата ја интензивирал активноста на своите радари, кои исто така се компоненти на системот Бук и Русија има намера да бара одговор зошто е тоа направено. Следно прашање би било што правел воениот авион на патеката наменета за цивилни летови.

Москва ќе постави и прашање зошто воениот авион летал скоро во исто време и на иста висина како и патничкиот. Русија ја интересира да дознае и од каде дошол лансерот на ракетите со снимка објавена во западните медиуми на која се гледа како системот Бук се преместува наводно од Украина во Русија.

Со оглед на тоа дека снимката е направена на територија под контрола на Киев, каде го трнаспортирале? Следи прашањето каде лансерот се наоѓа сега, зошто му недостасуваат некои од ракетите и кога последен пат со него е лансирана ракета. Русија на крајот ја интересира и зошто американските претставници не објавиле доказ кој би го поткрепил тврдењето  дека МН17 е оборен од ракета која ја испалиле проруските сили.

Советот за безбедност вчера усвоил резолуција со која се осудуваат постапаките кои на 17 јули довеле до пад на боингот777 на компанијата „Малезија ерлајнз“ на летот од Амстердам кон Куала Лумпур и загинувањето на сите 298 патници и членови на посадата.

Со резолуцијата се бара итен прекин на сите борбени дејствија во подрачјето на авионската несреќа и обезбедување на непречен пристап на истражителите до остатоците за да можат да спроведат темелна, независна истрага во склад со меѓнародните принципи на цивилната авијација.

Чуркин рекол дека Русија е спремна да помогне во истрагата на секој можен начин и да испрати истражители доколку тоа биде побарано од неа.