Постојаниот руски претставник во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека доколку ситуацијата ви југоисточна Украина се развива во најлоша можна насока, Русија би можела да интервенира.
Тој потсети дека на Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, му дал мандат на претседател Владимир Путин да ги употреби руските вооружени сили на територијата на Украина.
– Таа можност секогаш е во наши раце. Но, се разбира дека не би сакале да дојде до тоа, нагласи Чуркин.
Според него, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун треба отворено да го осуди „користењето на вооружени сили против политичката опозиција“ во југоисточна Украина.