Во судот во Суботица вчера сведочеа двајца другари на Тијана Јуриќ која беше брутално убиена.
– Не се сеќавам дека таа ноќ или некогаш претходно сум го видел Драган Ѓуриќ во Бајмок, човекот ми е непознат. Жал ми е што тогаш не отидов со Тијана заедно да го вратиме дуксерот, но таа не сакаше да ја испратам – сакаше да оди сама, ова пред Високото јавно обвинителство во Суботица го изјавил 15-годишниот Стефан Л., другар на Тијана, која на 26. јули беше сексуално злоставувана и убиена од Драган Ѓуриќ, месар од Сурчин.
Обвинителот, освен Стефан, го сослушал и 15-годишниот Лука Л. со кој Тијана била на фудбалскиот турнир во Бајмок, кобната вечер.
И Лука пред обвинителот рекол дека чувствува грижа на совеста бидејќи кобната ноќ ја замолил Тијана да му го причува дуксерот додека тој играл фудбал.