ЦИА откри документи за соработка со Вселенскиот патријарх Атанагора

Aмериканската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави дел од документ за врските на Вселенскиот патријарх Атонагора со специјалните служби.

Во соопштението се наведува дека поодамна не е тајна дека поставувањето на Атонагора на позиција на Вселенски патријарх било организирано со помошта на американската Влада.

-Тешко е да се пишува за тоа како за историја, бидејќи „темпираната бомба“ за вакви работи се држи во тајност. Меѓутоа, понекогаш нешто може да излезе во јавноста, се наведува во соопштението.

Компанијата се повикува на откриените документи на ЦИА, кои се посветени на ситуацијата во Грција за време на Втората светска војна, а во официјалната белешка на разузнавачот се наведува дека Вселенскиот патријарх со задоволство би ручал со него.

Како што се наведува, Атонагора за време на ручекот наводно рекол дека американската служба за известување може да смета на неговите услуги, а потоа се наведува дека во 1942 година грчкиот архиепископ сакал да се придружи на американската војска, но не му дозволиле.

Неколку недели подоцна американскиот агент му напишал писмо на Атинагора во кое му се заблагодарува за соработката со грчката архиепископија и специјалните служби на САД.

Атинагора е избран за Вселенски патријарх во 1948 година, а од 1930 година бил архиепископ во Северна и Јужна Америка.