ЦИА од аеродром во Загреб на сириските бунтовници им испратила 75 авиони со оружје, а овие тоа оружје, вкупно 3.000 тони, го поделиле со браќата исламисти во регионот, пишува српски Курир.
Борците на Исламската држава Ирак и Левант, ИСИЛ, ги освојуваат ирачките градови и ги масакрираат жителите со хрватско оружје, кое во периодот од 2012 – та и 2013 – та година од хрватските воени складишта е префрлено до сириските бунтовници, стои во текстот.
На Интернет се појавија голем број фотографии на припадниците на ИСИЛ кои позираат како фрлаат гранати со кои напаѓаат цели во Ирак. И на профилот на таа организација на Твитер се поставени фотографии од припадниците со оружје од хрватските воени складишта.
Станува збор за оружје чиј трансфер до Слободната сириска војска го договарале Стејт Департментот и ЦИА. Оружјето го платила Судиска Арабија, а во Сирија стигнало преку Хрватска, Турција и Јордан.
Според објавените податоци, во 2012 – та и 2013 – та година од загребскиот аеродром Плесо полетале 75 транспортни цивилни авиони со околу 3.000 тони орујже и муниција. Со авионите е пренесено не само хрватско оружје, туку и оружје на други европски земји.
Од хрватските воени складита во Хрватска, помеѓу останатото отишле и ракетни фрлачи М79 и РПГ 22, рачнофрлачки гранати РБГ 6 и топови од типот М60.
Американците ги вооружувале бунтовниците за да го симнат од власт претседателот Башар ал Асад. Бунтовниците, припадници на милитантни исламистички организации, го делеле оружјето со своите идеолошки браќа, па така до заби се вооружале злосторниците и терористите. Помеѓу останатите и терористичката група Ахрар ал Шам, чиј портпарол јавно признал дека Слободната сириска војска им дава оружје.
Фотографиите најдобро говорат за какви цели милитантните организации го користат оружјето, пишува српски Курир.