Минатата седмица челниците на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) ги известила своите вработени ширум светот за зачестените случаи на гранувања, апсења или ликвидации на нејзините странски доушници, а најзагрижувачка е таквата ситуација во Кина, Русија, Иран и Пакистан, објави во вторникот дневниот весник The New York Times, повикувајќи се на доверлив документ во кој имал увид.
Според извори на весникот, минатата седмица била испратена тајната телграма со наведената содржина до „сите пунктови и бази на CIA во светот“. Во документот се содржел точниот број на странски информатори на Агенцијата „уапсени или убиени“ последните години. Весникот не ја наведува таа бројка, појаснувајќи дека откривањето на таквите информации, дури и во рамките на разузнавачките структури, е „крајно нетипично“, како и дека вниманието кон тоа зборува за „важноста на појавените проблеми“.
Како што рекол соговорникот на The New York Times, во дописот било наведено дека најголемите стравувања на челниците на CIA биле предизвикани од ситуацијата со американските доушници во Кина, Пакистан, Русија и Иран. Според авторот на споменатата телеграма, успехот на руските и кинеските стручњаци во сферата на „вештачката интелигенција, биометриското скенирање, препознавање ликови и други технологии“ им ја отежнуваат комуникацијата на американските разузнавачи со нивните доушници. Водството на CIA оценило дека ривалитет на САД со Русија и со Кина и предизвиците кои произлегуваат од овие земји го прават „поважно од кога и да е создавањето шпионски мрежи (таму) и заштита на информаторите“.
Во Пакистан, како што рекол изворот на весникот, се најчести обидите на локалната разузнавачка служба да гегрутираат лица кои прикриено работат за интересите на САД. Како резултат на тоа, тие почнуваат да ѝ доставуваат на CIA лажни информации, што според The New York Times е крајно опасно имајќи го предвид враќањето на власта на радикалното талибанско движење во соседен Авганистан. Во Иран и во Кина, пак, според податоците на CIA, забележани се случаи на ликвидација на американските информатори.
Изминатите години CIA претрпела катастрофални упади во нејзините шпионски мрежи, кога според The New York Times, агентите најверојатно биле откриени за кршење на тајниот систем за комуникација на Агенцијата преку кој таа комуницирала со агенти на терен. Весникот наведува дека Агенцијата започнала да лови „кртови“ во 2011 година, откако информатор во Кина објавил дека тамошните власти ги откриле сите што ѝ помагаат на американската администрација, а потоа ги принудиле агентите да работат за нив.