Екипата на Цибона за првпат во својата клупска историја успеа да ја освои титулата во АБА лига, откако во финалето во „Комбанк Арена“ во Белград ја победи Цедевита со 72:59. Во текот на целиот натпревар Цибона имаше водство кое со мудра игра го задржа до крајот.
Признанието МВП на финалниот турнир му припадна на играчот на Цибона, Дарио Шариќ кој финалето го заврши со 23 поени, 11 скокови, 6 асистенции и 4 блокади.
Тим од Хрватска вторпат е победник во АБА лигата, пред нив беше Задар во сезоната 2002/03.
Правилата се јасни и налагаат Цибона автоматски да учествува во групната фаза од Евролигата, но лесно може да се случи Хрватите воопшто да не биде дел од елитното европско натпреварување.
Ова го потврди извршниот директор на Евролигата, Жорди Бартомеу, кој беше дециден на ставот дека доколку Цибона не ги разреши сериозните финансиски проблеми со кои се соочува,нема да може да стане дел од Евролигата. Во тој случај, местото во елитното европско натпреварување ќе и припадне на Црвена звезда како првопласирана екипа по регуларниот дел од сезоната.