Циципас ја одбрани титулата во Монте Карло

Гркот Стефанос Циципас е победник на турнирот од Мастар 1000 серијата во Монте Карло со награден фонд од 5,4 милиони евра, совладувајќи го финалето Шпанецот Алехандро Давидович Фокина одбранувајќи ја ланската титула со 6:3, 7:6 (3).

Дуелот траеше час и 36 минути, а со исклучок од првите два гема, Гркот доминираше во сите елементи на тениската игра во првиот сет, во кој 22-годишниот Шпанец уште во првиот гем дојде до брејк.

Гркот во вториот сет сервираше за победа при 5:4, но Шпанецот израмни, а потоа беше пред освојување на вториот сет, но Циципас се спаси и во „тај-нреко“ дојде до триумфот.

Циципас дојде до својата втора последователна титула во Кнежевството, откако лани во финалето го совлада Русинот Андреј Рублев, а 23-годишниот Грк сега има осум титули од 19 финални дуели.

На АТП листата Циципас во понеделникот ќе остане петти на светот, додека Давидович Фокина ќе напредува на 27-то место, со што ќе го оствари највисокиот пласман во кариерата. На патот до финалето во Монте Карло, го го совлада и првиот играч на светот Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло.