![дозд-520x339](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/dozd-520x339.jpg?resize=520%2C339&ssl=1)
Околу пладне, а особено попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во источните делови и се очекува да наврнат над 35 л/м2 воден талог. Можно е да има и изолирана појава на град.
И утре под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе биде претежно стабилно, а попладне ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд, особено во планинските подрачја.
Стабилно и потопло време ќе биде во недела и понеделник.