Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека не очекува да бидат распишани предвремени избори заради несогласувања во владејачката коалиција поради договорот со Скопје за промена на името на Македонија.
Ципрас смета дека коалициониот партнер и министерот за одбрана, Панос Каменос, шеф на екстремно десничарската партија „Независни Грци“ со таков потег би ја нарушил економската стабилност на земјата, откако само што излезе од меѓународната програма за помош.
Каменос рече дека не се согласува со договорот, но не ја предложи можноста за напуштање на коалицијата.
Владејачката коалиција има 153 пратеници во Парламентот од 300 пратенички места.
Парламентарните избори во Грција треба да се одржат следната година до есен.