Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара од германската канцеларка Ангела Меркел да се ангажира околу забрзување на процедурите за одобрување финансиска помош за Грција, соопшти денеска грчки владин извор.
Средбата меѓу Ципрас и Меркел одржана во Брисел траела околу два часа и поминала во „конструктивна и позитивна атмосфера“.
На средбата било разговарано за напредокот кој го постигнала Грција во периодот од претходната средба во Берлин па до сега.
Грчкиот премиер од германската канцеларка побарал забрзување на процедурите, со цел да почне спроведување на договорот потпишан на 20 февруари меѓу Грција и меѓународните кредитори, што предвидува и склучување зделка до крајот на овој месец.